Вести

Австрија: Ако изборите би се случеле денеска Курц би бил победник

Првото истражување на јавното мислење откако Себастијан Курц стана лидер на Народната партија на Австрија (ОВП) покажува дека таа листа би победила на изборите.

За листата на Себастијан Курц, во овој момент би гласале дури 33 отсто од Австријците. Со тоа Курц зад себе остави седум проценти разлика зад Социјалдемократската партија, но и Слободарската партија.

Австрија на 15 октомври, на предвремени избори, избира нов состав на Парламентот, а до тогаш многу работи можат да се променат, па истражувачите на јавното мислење велат дека Курц може да остане на истото ниво, но и да ја зголеми својата поддршка.

Курц ја презеде ОВП откако лидерот на партијата, Рајнхолд Млтерленер неочекувано си поднесе оставка.

Најмладиот член на австриската влада најпрво најави крај на коалицијата со Социјалдемократската партија, а потоа и оти на следните избори ќе се кандидира со посебна листа, на која нема да бидат само партиски кадри на ОВП, што претседателстовото на партијата го прифати.