понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 15
home Вести

Асанж добил писмо со бел прав, исто како снаата на Трамп

Асанж добил писмо со бел прав, исто како снаата на Трамп

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој се наоѓа на територијата на Еквадорската Амбасада во Лондон, на Твитер напиша дека минатата недела добил плик како тој што вчера пристигна во домот во Њујорк на Ванеса Трамп, сопругата на најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп.

Сопругата на Доналд Трамп помладиот беше хоспитализирана откако отворила писмо со бел прав.

– Чудно е што и јас добив такво писмо минатиот вторник, напиша Асанж на Твитер, додавајќи дека на пликот имало американски поштенски марки.

Се очекува британски суд денеска да одлучи дали да го уважи или да го отфрли барањето на 46-годишниот Асанж за прекин на судскиот процес против него. Ако судот пресуди во негова корист, тој ќе може да ја напушти зградата на Амбасадата на Еквадор во британскиот главен град, каде што престојува околу шест години.

Ванеса Трамп вчера претпладне во својот дом отворила писмо во кое имало бел прав со непознат состав. Според првичните анализи, правот бил безопасен, но подеталните анализи се уште траат.