Вести

Американските сили убиле екстремист од ИД поврзан со новогодишниот напад во Истанбул

САД открија дека извршиле тајна воена операција за ликвидирање на Абдурахмон Узбеки, член на Исламската држава, за кога се смета дека е поврзан со нападот што беше извршен на новогодишната ноќ во ноќен клуб во Истанбул, при што загинаа 39 лица.

101214-A-5370B-009
      U.S. Army soldiers with 3rd Platoon, 512th Military Police Company, 92nd Military Police Battalion, 4th Maneuver Enhancement Brigade, 1st Infantry Division walk through and look at a police station in Diyala province, Iraq, on Dec. 14, 2010.  The soldiers also conducted crime scene investigation classes for Iraqi police officers at the station.  DoD photo by Sgt. Brandon D. Bolick, U.S. Army.  (Released)

Вашингтон наведе дека Узбеки бил близок со лидерот на групата Абу Бакр ал Багдади.

– Џихадистот за кој се смета дека е од Узбекистан, е убиен на 6 април при воена операција во близина на сирискиот град Мајадин, изјави претставникот на Централната команда на САД Џон Томас.

– Беше операција на копно. Мислам дека тоа е се што можеме да кажеме за овој случај, додаде Томас, прецизирајќи дека Узбеки не загинал при воздушен удар.