Вести

13 МРТВИ: Бројот на жртви во Барселона се зголемува!

Најмалку 13 лица загинаа откако попладнево комбе влета во пешаци во центарот на Барселона, јави шпанското радио Кадена Сер, повикувајќи се на полициски извор.

Некои други медиуми јавуваат дека во нападот се убиени најмалку 10 луѓе.

Во инцидентот, за кој полицијата соопшти дека е терористички напад, се повредени најмалку 25 луѓе.