Регион

Вучиќ: Се врши вообичаена проверка на војската, ништо повеќе од тоа

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека проверката на оперативните способности на дел од единиците на српската војска, што започна вчера, е вообичаена и се спроведува согласно плановите.

– Тоа е вообичаена проверка, се спроведува согласно плановите кои ги имаме. Тоа е сосема нормално и ништо повеќе од тоа, истакна Вучиќ на прес-конференција на Копаоник.

По наредба на министерот за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ и одлука на шефот на државата Томислав Николиќ, вчера започна проверка на оперативните способности на дел од единиците на српската војска.