Регион

Важна вест за велосипедистите: Задолжителна флуроцентна облека во Хрватска

Во Хрватска од денеска стапуваат во сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот, со кои се заоструваат обврските за велосипедистите. Возачот на велосипед, кој се движи по улиците, е должен, и ноќе и дење, во случај на намалена видливост, да биде обележан со флуоресцентен елек или флуоресцентна облека за велосипедисти или друга светлечка ознака.

Хрватскиот Парламент на 27 октомври ги изгласа амандманите на Законот за безбедност во сообраќајот, кои првенствено се спроведуваат за усогласување со директивите на ЕУ, во кои се најде и мерката, со која се заоструваат условите за велосипедистите во сообраќајот.

Велосипедистот мора да биде означен со нешто што рефлектира светло. Казната за непочитување на новите мерки за велосипедистите е 40 евра.