недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 92
home Регион

Туристите во паника: Земјотрес го погоди нашиот јужен сосед

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер ја погоди Атина и централна Грција рано утринава. Нема податоци за штети.
Туристите во паника: Земјотрес го погоди нашиот јужен сосед

Националната опсерваторија на Атина информира дека земјотресот се случил во 06 часот и 2 минути во Коринтскиот залив, на длабочина од пет километри.

Според Американската служба за геолошки истражувања, епицентарот бил на 79 километри северозападно од Атина.