Регион

Црнадак: БиХ не е пред распад

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак денеска изјави дека државата „не е пред распад“, а најдобар доказ за тоа е ревизијата на пресудата на Меѓународниот суд на правата за тужбата на БиХ против Србија.

crnadak

Изјавата на Црнадак уследи по исказот на шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак дека ситуацијата во Западен Балкан е критична и дека две држави се пред распад, а една од нив е БиХ.

– На примерот за ревизијата на пресудата се покажа всушност колку е важно да се држиме до Уставот на БиХ, да се држиме до законот, да се држиме до потребите за внатрешниот договор и потребата за почитување на овластувањата и на првата, на втората и на третата страна во БиХ, истакна Црнадак.

Тој додаде дека проблемите настануваат кога „ќе се загрози балансот кој е воспоставен со Дејтонскиот договор и Уставот на БиХ и законите“.

Лајчак подоцна истакна дека неговата изјава не е најдобро интерпретирана, а Црнадак посочи дека ќе се воздржи од коментар се додека не се види со него.