недела, 27. мај 2018. Вести денес: 79
home Регион

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Дете се бори за живот по инцидент во зимски центар

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Дете се бори за живот по инцидент во зимски центар

Петгодишно годишно дете се бори за живот, откако во него удри 15 годишно момче со сноуборд во бугарскиот зимски центар Пампорово.

Детето со хеликоптер било пренесено во болницата во Смолен, а потоа во Пловдив, од  каде докторите велат дека нема подобрување, ниту влошување на состојбата.

Детето е од Русија и се учело да скија заедно со неговите родители на зелената патека во Пампорово .

На детето налетало момче со сноуборд и го удрило во главата.  Директорот на Пампорово, Марин Белјаков изјави за медиумите дека е во постојан контакт со болницата и со родителите на детето.

Инцидентот се случил во понеделникот на детската патека на ски центарот Пампорово.