Регион

Студот однесе уште два животи во БиХ

Уште две лица починаа од студот во Босна и Херцеговина како последица на поларниот студ кој ја зафати цела Европа.

 

maz-sneg

Во населбата Баир пронајдено е тело на 42 годишен маж, а утврдено е дека причина за смртта е смрзнување. И во вториот случај станува збор за починат маж, а смртта настапила како последница на смрзнување.

Од почетокот на оваа година во БиХ се забележани пет смртни случаи поради студот.