Регион

Србија: Заврши рокот за пријавување на кандидати за претседателските избори

Рокот за поднесување на кандидатура за учество на изборите за претседател во Србија истече синоќа на полноќ, а во српската Државна изборна комисија се пријавени 12 кандидати од кои седум се веќе потврдени.

srbija izbori

ДИК ги прогласи кандидатурите на лидерот на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ, Саша Јанковиќ, кога за претседател на Србија го предложи Групата граѓани „За Србија беа страв“ и лидерот на радикалите Воислав Шешељ.

Потврдени се и кандидатите Вук Јеремиќ, кого го предложи Групата на граѓани „Мораме подобро“, претседателот на движењето Двери – Бошко Обрадовиќ, претседателот на „Доста беше“ Саша Радуловиќ и Александар Поповиќ од Демократската партијс Србија.

За претседателските избори се пријави и кандидатот на Народното слободарско движење Мирослав Паровиќ, на кого му е наложено да предаде уште 154 потписи.

Се пријави и претседател на општината Чајетина Милан Стаматовиќ, лидерот на Лигата на социјалдемократите на Војводина Ненад Ченак, Лука Максимовиќ алиас Љубиша Прелетачевиќ – Бели, како и Предраг Вучетиќ од Крушевац.

За валидноста на нивните пријави одлучува ДИК, а официјалната листа со редните броеви ќе биде објавена на 17 март.

Изборите за претседател на Србија ќе бидат одржани на 2 арил.