понеделник, 10. декември 2018. Вести денес: 63
home Регион

Соседите раскажаа што се случило со 4-годишното момче кое падна од трети кат од зграда

Соседите раскажаа што се случило со 4-годишното момче кое падна од трети кат од зграда

Момчето ги облекло чизмите и се нагрнало со ќебе, па тргнало по својот татко кој го оставил сам на неколку минути и отишол до продавница која се наоѓала во близина, и го заклучил оставајќи го сам на неколку минути. Момчето отишло до прозорецот, земало столче и се качил на кујнскиот прозорец, па паднал од трети кат- раскажа една од соседките за српските медиуми.

Четири годишниот М.Р кој во неделата околу 5 часот, во белградската населба Котеж, падна од трети кат од зграда за среќа остана жив. Поради ќебето и дрвјата кои се наоѓеле под прозорецот на детето му е ублажен падот и сега се наоѓа во болница.

– Слушав некакви крици, најпрвин тивко, а потоа беше се погласно, мислев дека се работи за мачка, а кога погледнав надвор мојот мал сосед лежеше на тарабите, веднаш истрчав да помогнам, и го симнав од оградата – рекла сосетката Александра.

– Беше целиот со гребаници, додека паѓал се гребел од гранките на дрвата. Се тресеше и плачеше, а целиот беше со кал. Го пресоблеков и викнав брза помош, а во меѓувреме дојде и неговиот татко кој не можеше да поверува што се случило, само Господ го чувал- рекла таа.

Соседите велат дека таткото сам се грижи за детето и дека ова не е последица на негрижа за својот син, туку само сплет на околности.

– Тој работи на бензиска, а кога не е дома има ангажирано жена да се грижи за момчето. Детето е секогаш чисто уредно и добро облечено. Се труди да му обезбеди се што му е потребно, откако неодамна го напушти неговата сопруга и не сака да има никаков контакт со нив, а не дојде ни во неделата кога малиот падна- раскажал еден сосед.

За среќа момчето немало сериозни последици и е надвор од животна опсност.