среда, 17. јануари 2018. Вести денес: 74
home Регион

Позната причината за страшната трагедија: Сијаличките на елката испратија две деца во смрт

Позната причината за страшната трагедија: Сијаличките на елката испратија две деца во смрт

Момче, старо две години и девојче од една година, настрадаа вчера вечерта, откако според првичните резултати, се запалиле сијаличките на новогодишната елка. Незапамтената трагедија се случи во српското село Породин, додека мајката била во шталата, каде ја хранела стоката, пишува „Блиц“.

-Станува збор за семејството на Мартин Јеремиќ, кој со сопругата Милица пред неколку години се доселиле во Породин од Јагодина. Слушнавме дека сијаличките на новогодишната елка предизвикале краток спој, па оганот брзо се проширил низ целата куќа, велат мештаните.

Од друга страна, како што раскажуваат тие, постои и верзија дека момчето го отворило шпоретот и од него испаднал жар кој го предизвикал пожарот, кој за брзо се проширил низ целата куќа.

-Мајката од шталата го слушнала врисокот на децата, додаваат очевидците. Побрзала кон куќата, но од оганот не можела да се приближи до својот дом.

Несреќната жена веднаш истрчала кон комшиите, кои ја повикале пожарникарската служба.

-Пожарникарите за 10 минути стигнаа на лице место. Меѓутоа, за несреќните деца немаше спас. Нивните тела се пронајдени во рушевините од куќата, велат жителите.

Тие додаваат дека Мартин, таткото на двете деца, отсекогаш го пратела тажна судбина,

-Тој во Породин дојде од Свилајнц, бидејќи во нашето село го посвои човек со име Миро, кој пак со својот син не беше во добри односи. Кобното утро, Мартин отиде до шумата да донесе огрев за семејството. Покрај тоа, ги работеше најтешките физички работи за да го прехрани семејството, а потоа, за само десет минути остана без се, велат мештаните.

Основното јавно обвинителство во Пожаревац нареди ибдукција на телата на несреќните деца. Отворена е и истрага, која би требало да ја открие причината за избивањето на пожарот, како и тоа дали мајката има одговорност за оваа страшна трагедија, пишува „Блиц“.