Регион

Поплави во реонот на Мостар

Поројните дождови што минатата ноќ ги зафатија јужните делови на Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави во повеќе станбени и индустриски објекти, како и прекин на сообраќајот во реонот на градот Мостар.

Според Опретаивниот центар за цивилна заштита на Херцеговско-неретванскиот Кантон, поплавени се објекти во мостарските населби Бакина Лука и Војно, како и во местото Дретеља во општина Чапљина.

Поради поројниот дожд и обилните количества вода на патиштата од утрово во прекин е сообраќајот на неколку патни правци во околината на Мостар, а регистрирани се и одрони на карпи и наноси на земјишта на неколку локални патишта.