Регион

Невреме ја зафати Грција

Поројни дождови и силни ветрови предизвикаа повеќе проблеми низ цела Грција, јавија локалните медиуми.

Во градот Патра, на полуостровот Пелопонез, е поплавена болница, и нанесени се штети на многу згради.

На островот Кефалонија имало и торнадо, додека во Парга паѓал град. Во Солун исто така биле предизвикани повеќе проблеми.

Во зимските центри во северниот дел на Грција врнел снег.

Според метеоролозите, лошото време во Грција се очекува да продолжи до четврток.