вторник, 11. декември 2018. Вести денес: 35
home Регион

Невин маж поминал 17 месеци во затвор поради имењак од друга држава

Невин маж поминал 17 месеци во затвор поради имењак од друга држава

Вистинска драма преживеал Иван Божовиќ од Србија кој италијанската полиција го уапсила поради наводно криумчарење на дрога.

И тука ништо не би било необично, но вистинскиот криминалец е истоимениот Иван Божовиќ, но од Хрватска.

Српскиот Божовиќ бил осуден на шест ипол години затвор, од кои зад решетки минал 17 месеци пред да се открие дека станува збор за погрешен човек.

Божовиќ бил уапсен во ноември 2012 година на границата со Словенија откако истражителите имале информација дека се работи за човек за кој е распишана потерница.

Двајцата се родени на ист ден 

Одреден му е притвор и набрзо бил екстрадиран во Италија, а во текот на следните неколку месеци против него била поведена и судска постапка во која е прогласен за виновен поради шверц на дрога и осуден на шест ипол години затвор.

Дури по 17 месеци е утврдено дека не се работи за вистинскиот Божовиќ. Уште поневеројатно е дека двајцата се родени на ист ден 28 декември 1970 година.

Но, Иван кој требало да биде уапсен е роден во Хрватска, а погрешно осудениот во Србија. Во погрешната идентификација дошло бидејќи во пасошот му бил наведен друг идентификациски број.

Добил отштета

Погрешно осудениот Божовиќ барал отштета од 300.000 евра поради незаконско притворање, но добил 130.000. Веднаш по апсењето негирал поврзаност со криминал и ги убедувал истражителите дека кон Италија тргнал како трговец.