Регион

На полноќ истекува рокот за доставување кандидатури за претседателските избори во Србија

Рокот за поднесување на кандидатурите за претседателските избори во Србија истекува на денеска на полноќ, а досега во Републичката изборна комисија (РИК) примила шест кандидатури.

 

izbori srbija

РИК ги потврди кандидатурите на лидерот на Српската напредна партија Александар Вучиќ, на поранешниот омбудсман Саша Јанковиќ, кој е кандидат на граѓанска иницијатива “За Србија без страв”, и на поранешниот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.

РИК ги доби кандидатурите и на лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ и на националистичкото движење Двери, Бошко Обрадовиќ.

Своја кандидатура поднесе и лидерот на Народното слободољубиво движење Мирослав Паровиќ.

Ждрепката за редоследот на кандидатите на изборните листи ќе се изврши на 17 март.