среда, 25. април 2018. Вести денес: 0
home Регион

Можни промени во Кабинетот на Ципрас

Можни промени во Кабинетот на Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас размислува за промени во својот Кабинет, кои би биле извршени по 22 јануари, кога се очекува Еврогрупата и формално да го одобри договорот меѓу Атина и нејзините кредитори од декември за доделување на следната транша од кредитот за Грција.

Весникот „Контрањуз“ наведува дека промените ќе бидат „корективни“ додавајќи дека се ќе се реши во следните денови, затоа што моментно „Ципрас е презафатен со други жешки теми“.

Весникот додава дека ако има промени, тие ќе се сведат на разместување на мал број министри.

Јанис Музалас

Гласините се дека еден од тие кои ќе бидат сменети е министерот за миграција Јанис Музалас, кој е предмет на остри критики како од своите сопартијци, така и од опозицијата, а неколку пати се закани и дека ќе поднесе оставка.

Многумина сметаат дека министерот за економија Димитрис Пападомитриу успешно се справувал со привлекување на инвестиции, но и покрај тоа се уште целосно не се прилагодил на специфичноста на државната администрација. Ципрас, меѓутоа, не ја крие својата длабока почит кон него. Двајцата ги поврзува и старо пријателство.

Со голем интерес се очекува и судбината на министерката за култура Лидија Кониорду, на министерот за трговска морнарица Панајотис Курумблис, кој беше во центарот на скандалот со загадувањето на заливот кај Атина како последица на потонување на танкер, како и на голем број заменици-министри.

Еуклид Цакалотос

И покрај некои турбуленции, речиси сигурно е дека министерот за финансии Еуклидис Цакалотос нема да биде сменет.

Се уште е нејасно што ќе се случува со Никос Филис, кој исто така е близок до премиерот, а беше разрешен при претходните промени и за кого се тврди дека е можно Ципрас повторно да му понуди место во својот тим.