петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 119
home Регион

Марко и Лука се вратиле од Америка и почнале бизнис: Овие браќа сега заработуваат одличн, еве што одгледуваат

Марко и Лука се вратиле од Америка и почнале бизнис: Овие браќа сега заработуваат одличн, еве што одгледуваат

Не е филм, туку животна приказна на Марко и лука Максимовиќ, 21-годишни близнаци родени во Лос Анџелес.

Марко и Лука, иако родени во САД, пред десетина години се вратиле во Србија, а истакнуваат дека желбата на нивниот татко била да растат како Срби. Во Белград завршиле основно училиште, гимназија, а потоа запишале Земјоделски факултет. „Кога се запишавме во прво одделение лошо зборувавме српски, но брзо се навикнавме и одлично се снајдовме“, вели Лука, пренесува “N1“.

Во село Божурња, покрај Топола, откаде што е мајка им на нивниот татко, пред неколку години почнале да се занимаваат со самостоен земјоделски бизнис. На своја иницијатива, почнале да размислуваат што би можело најдобро да одекне во Шумадија, позната по сливите и грозје.

Дошле на идеја да одгледуваат боровинки, кои во Србија не биле во големи количини. Велат дека боровинката е овошка на милениумот и дека може да се употребува сушена, свежа, како и смрзната.

„Сфативме дека работата со боровинки може многу да ни донесе“, вели Лука и додава дека од година во година приходите растат за 208 отсто. Марко и Лука велат дека се задоволни. Работата константно напредува, побарувачката расте, а сметаат дека боровинките се-иднината.

Просечната цена на боровинката е од 5 до 6 евра по килограм, а по хектар може да се има околу 15 тони“, вели Лука, додавајќи дека годишните трошоци не надминуваат 15 отсто од вкупната бруто заработувачка.

Сепак, велат дека се најсреќни што, и покрај стереотипите дека само на Запад може да се успее, своите цели ги оствариле и во Србија.