Регион

Косово ќе стане сопственик на целиот недвижен имот на СФРЈ на своја територија

Владата на Косово донесе одлука да го регистрира целиот недвижен имот на Социјалистичката Федеративна Република Југославија (СФРЈ) и Автономната област Косово, на името на Република Косово како сопственик.

sfrj

По тој повод директорот на српската владина служба за Косово Марко Ѓуриќ ќе разговара денеска со претставниците на Србите во Косово, а потоа ќе се обрати на медиумите.