Регион

Коха: Во март прва седница на Специјалниот суд за злосторствата на ОВК

Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК, во текот на месецот ќе ја одржи првата седница, на која треба да се усвои правилник за работа, објави денеска приштинскиот весник „Коха“.

Со усвојувањето на правилникот за работа и доказите кои судиите треба допрво да ги усвојат, би се прецизирал текот на постапката пред специјализираните совети на тој суд, пренесува Танјуг.

Потоа, Специјалното обвинителство би имало задача да покрене обвиненија, кои независен судија ќе треба да ги оцени според основаноста на наводите, се наведува на интернет страницата на судот.