Регион

Како во холивудски филм: Сараевската полиција спроведе голема акција во повеќе населби (ВИДЕО)

Припадници на специјалната единица на полицијата во Сараево во неколку населби спроведе голема акција поради трговија на дрога.

Акцијата е изведена под надзор на Обвинителството, а приведени се повеќе луѓе.

Босанските медиуми пишуваат дека се направени претреси на повеќе локации и оти се пронајдени дрога и оружје.

Жителите на сараевската населба Ступ беа зачудени додека ја гледаа сцената која ги потсетувала на холивудски акционен филм.

-Изгледаше спектакуларно, специјаците од тринаесеттиот кат се спуштаа на седми, каде што влетаа во еден стан, изјави еден очевидец.