Регион

Кадри Весели е избран за претседател на косовскиот Парламент

Косовскиот Парламент денеска со мнозинство гласови за прв парламентарец го избра Кадри Весели, лидерот на Демократската партија.

 

Од вкупно 120 пратеници, на седницата присуствуваа 114, при што за неговиот избор гласаа 62 пратеници од коалицијата ПАН (Демократска партија, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово) Алијансата за Ново Косово (освен еден) и пратениците на „Листа српска“ и немнозинските заедници.

Весели (50) беше на ова функција и во претходниот собрански состав.

Претходно тој беше прв разузнувач на Косово. Зборува англиски, германски и српски јазик.

За`потпретседатели на Парламентот се избрани Џавит Халити, од ПАН, Аида Дергути од Движењето „Самоопределување“ и Кујтим Шала од коалицијата Демократски сојуз – Алтернатива.

На седницата потребниот број гласови за потпретседатели не ги добија Муфета Сидик од пратеничката група на немнознските заедници и Славко Симиќ од „Листа српска“.

Имено, откако Весели седна на претседателското место, собранската сала ја напуштија пратениците на „Самоопределување“, Демократскиот сојуз и Алтернатива.

Весели најави дека новата влада ќе се избира в сабота.

Денешното продолжение на конститутивната седница беше закажано за 11.00, часот, по локално време, но претседавачот Адем Микуловци ја одложи за попладнево поради отсуство на пратенците од коалицијата ПАН.