Регион

Јована ја удрила струја пред да влезе во када – татко и ја нашол мртва во бањата

Јована Јоциќ (27), oткако се вратила од работа влегла во бањата за да се тушира, а нејзиниот татко по само неколку минути, сомневајќи се дека нешто се случило, влегол во купатилото и ќерка си ја пронашол мртва. Таа трагично го загубила својот живот во семејниот дом во Наков, Србија каде што живеела со нејзините родители и четиригодишна ќерка.

srbija

Несреќната девојка вчера ја завршила втората смена на работа во продавницата во близина на Кикинда, во која работела како менаџер, а кога се вратила дома неколку минути пред полноќ побрзала кон тоалетот.

Десет минути подоцна починала, неофицијално, од струен удар. Иако до сега не се точно разјаснети околностите како ја удрила струја, наводно починала обидувајќи се да ја сврти чешмата и да ја наполни кадата.

Таа била пронајдена мртва, со тушот во рака, а за да влезе во бањата морал да ја скрши заклучена врата, откако безуспешно се обидувале да ја повикаат. Девојката немала никакви здравствени проблеми, а деталите за тоа како дошло до стујниот удар ќе се разјаснат во текот на денот.