Регион

Иво Санадер е во болница, не се појави на судење

Поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер не се појави во судницата, каде утрово требаше да продолжи процесот во аферата Фими Медија.

Како што јавуваат хрватските медиуми, Иво Санадер е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Загреб. Неговиот адвокат, Чедо Продановиќ, на почетокот на судењето достави лекарска потврда во која е наведено дека поранешниот Хрватски премиер е во болница за дополнителни испитувања поради зголемени лимфни јазли.

Рочиштето за аферата во која се товари Санадер за испумпување милиони од државните фирми, со кои потоа биле финансирани црните фондови на тогаш владејачката партија,
ХДЗ.

Санадер имаше и претходно сериозни здравствени проблеми, кога беше и опериран. Рочиштето за Фими Медија е одложено за 7. ноември.