Регион

Хрватскиот суд повторно ќе ја резгледува пресудата за екстрадиција на Албанецот кој леташе дрон во Белград

Хрватскиот Врховен суд му наложи на судот во Дубровник повторно да ја преиспита одлуката за екстрадиција на Исмаил Морина во Србија.

-Вишиот Врховен суд на Република Хрватска на седница одржана на 10. август донесе решение со кое по повод жалбата за екстрадиција на Исмаил Морина, по службена должност ја укинува оспорената одлука и предметот ќе биде доставен до првостепениот суд на повторно судење, се вели во одлуката на Врховиот суд на Хрватска.

Морина е осомничен дека на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во октомври 2014. година во Белград управувал со дрон со знаме на кое имаше мапа на „Голема Албанија“ што предизвика насилство, и по што натпреварот беше прекинат.