четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 46
home Регион

Хашкиот трибунал вели дека самоубиството на Праљак не можело да биде спречено

Хашкиот трибунал ги објави резултатите на својата истрага по самоубиството на генералот Слободан Праљак, и соопшти дека самоубиството не можело да биде спречено.
Хашкиот трибунал вели дека самоубиството на Праљак не можело да биде спречено

– Не беа откриени проусти во правната рамка и во начинот на кој се третирани притворениците. Никакви дополнителни безбедносни мерки немаше да гарантираат дека отровот ќе биде откриен, пишува во заклучоците на трибуналот.

Праљак, генерал на босанските Хрвати во време на балканските војни, се самоуби непосредно по изрекувањето на казна затвор. Тој се уби со калиум цијанид, отров за кој трибуналот во Хаг вели дека е многу тешко да биде идентификуван бидејќи може да се прошверцува во затворот и како прашок и растворен во вода, а многу мало количество е доволно за да предизвика смрт.

Судењето на Праљак и другите пет воени и политички водачи на босанските Хрвати беше последниот процес на Хашкиот трибунал.