недела, 19. август 2018. Вести денес: 0
home Регион

Хан: 2025. не е бланко чек за Србија, потребни се тешки и итни реформи

На средбата со Хан, поранешниот српски претседател и актуелен лидер на опозициската Социјалдемократска партија (СДС), Борис Тадиќ го изнел ставот дека во Србија постои врска помеѓу политичката елита и организираниот криминал.
Хан: 2025. не е бланко чек за Србија, потребни се тешки и итни реформи

За Србија 2025 година не значи бланко чек за влез во ЕУ, бидејќи за тоа се потребни тешки и неодложни реформи, изјави денеска европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан во обраќањето на конференцијата „Стратегија за Западен Балкан-Отварање на патот кон ЕУ“ во Белград.

Во врска со заложбите за постигнување целсона нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Хан изјави дека не постои временска рамка за решавање на овој проблем, како што претходно се тврдеше до 2019 година, туку дека договорот треба да биде постигнат до пристапувањето во Унијата.

– Не сакам да го прејудицирам исходот од дијалогот на Белград и Приштина. Преку него треба да се дојде до правно обврзувачкки договор. Постојат повеќе решенија, изјави Хан, одговарајќи на прашањето дали овој правно обврзувачки договор ќе значи и признавање на независноста на Косово.

Хан нагласи дека решавањето на билатералните прашања не мпже да биде компензирано со други обврски.

– Мора да се решат нерешените билатерални спорови. Ние ќе одбиеме да прифатиме увезување на нерешени прашања и затоа Србија мора да ги реши билатералните прашања и границите, додаде Хан, но при тоа не одговори дали покрај нерешените гранични прашања со БиХ и Хрватска, мисли и на границата на Србија со Косово.

Хан на темата Косово и владеењето на правото имаше разговори и со претставници на српската опозиција.

На средбата со Хан, поранешниот српски претседател и актуелен лидер на опозициската Социјалдемократска партија (СДС), Борис Тадиќ го изнел ставот дека во Србија постои врска помеѓу политичката елита и организираниот криминал.

Тадиќ додал дека мора да се расфетли убиството на Оливер Ивановиќ, кое, според него, било подготвувано во медиумите. – Говоревме за тоа дека сакаме сериозна истрага и власта да се однесува во рамките на европските норми, изјави Тадиќ.

Поранешниот српски премиер и актуелен лидер на Новата партија (Нова), Зоран Живковиќ изјави дека неговата улога на состанокот е да ја предупреди мисијата на ЕУ и Хан дека во Србија имаат соговорници кои „лажат, едно мислат, друго работат, а трето зборуваат” и дека во земјата не постои владеење на правото.

Тој додаде дека мафијата предводена од српскиот претседател Александар Вучиќ „ги презела сите позиции во земјата, дека постојат закони слични на законите во Европската унија, но дека тие не се спроведуваат”.

Живковиќ додаде дека на претставниците на ЕУ им рекол дека е важно да им се објасни на граѓаните на Србија што значи нормализирање на односите со Приштина, без разлика дали тоа значи „признавање на границите или нешто друго што Александар Вучиќ се обидува да им го претстави на граѓаните”.

Лидерот на Демократската партија (ДС), Драган Шутановац, на средбата изјави дека Стратегија за Западен Балкан е позитивна, но посочи дека реформите не се спроведуваат во Србија и дека Србија”доцни зад Европа”.

– Разговаравме за геостратешката состојба во регионот, Косово, БиХ и дека реформите мора да се спроведат во Србија, без оглед на големите проблеми. Покрај стандардните прашања во врска со човековите права, состојбата во медиумите, на Хан му нагласивме дека во Србија не постои дијалог дури ни во Парламентот, рече Шутановац.

По средбата со лидерите на опозицијата во Белград, Хан на Твитер напиша: „Добар состанок. Тие играат клучна улога во политичкото одлучување и во реформите“. (МИА)