Регион

Грција: Брод со 85 нелегални мигранти е пронајден во близина на Пилос

Во текот на изминатата ноќ при операцијата на грчките пристанишни власти,  југозападно од Пилос е пронајден брод со 85 нелегални мигранти, пишува весникот „Вима“.

EUROPE-MIGRANTS/GREECE

Сите мигранти биле превезени со друг брод до пристаништето Каламата.

Се смета дека еден од мигрантите и телефонирал на полицијата во Каламата и јавил дека има проблем со бродот.

Пристанишните власти биле известени и презеле акција за пронаоѓање на бродот.