Регион

Грчките власти запленија два тони марихуана од Албанија

Грчките власти соопштија денеска дека заплениле околу два тони марихуана што е одгледувана во Албанија.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека марихуаната, пронајдена на јахта со италијанско знаме што пловела кон островите во Егејското Море, е запленета рано утрово по добиена дојава, јужно од грчкиот остров Китера.

Во соопштението на крајбрежната стража се наведува дека јахтата испловила од едно италијанско пристаниште, а дрогата ја преземала во Албанија.

Јахтата имала двочлен екипаж, Италијанец и Албанец, кои се уапсени.