четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 110
home Регион

ФОТО: Тага пред домот на Глоговац, непозната девојка остави бела роза на неговиот мотор

ФОТО: Тага пред домот на Глоговац, непозната девојка остави бела роза на неговиот мотор

Веста дека актерот Небојша Глоговац почина на 48 години во Белград по тешка болест ја остави Србија во шок и неверување.

Пријателите, колеги и познаниците се простуваат од големиот актер кој зад себе остави голем број дела.

Анонимна девојка, видно потресена, со солзи во очите дошла пред домот каде живееше познатиот актер, се доближила до моторот и оставила бела роза.

Српските медиуми јавуваат дека погребот на Глоговац ќе биде одржан во понеделник во 14:30 часот во Алејата на великаните на Новите гробишта во Белград.

Комеморацијата е закажана за во понеделник во 11 часот во Југословенскиот драмски театар.