Регион

Експлозија во Атина во книжарница на потпретседател на партијата Нова демократија

Рачно изработена бомба експлодираше утрово во книжарницата на заменикот-претседател на најголемата опозициска партија во Грција Нова демократија Адонис Григоријадес, соопштуваат грчките медиуми.

policija

Непознато лице телефонирало во редакцијата на грчка интернет страницат да каже дека е поставена експлозивна направа во книжарницата на булевар Кифисија во Атина, и предупредил дека дојавата не е лажна.

Регионот беше отцепен од страна на полицијата, која го запре и движењето по булеварот.

Малку подоцна бомбата експлодираше, а при истрагата се пронајдени три разнесени импровизирани направи и други пет, кои не експлодирале.

Од експлозијата се поцрнети само надворешни ролетни на продавницата.