сабота, 20. јануари 2018. Вести денес: 2
home Регион

Два земјотреси регистрирани во реонот на Кукуш

Два земјотреси регистрирани во реонот на Кукуш

Два земјотреси со интензитет од 4 и 4,7 степени според Рихтеровата скала се регистрирани минатата ноќ во реонот на грчкиот град Кукуш, соопшти Атинскиот геодинамички институт.

Првиот земјотрес, со јачина од 4 сетепни, бил регистриран 13 минути по полноќ по локално време (23:13 часот по средноевропско време) со епицентар на 28 километри северозападно од Кукуш.

Вториот потрес, со интензитет од 4,7 степени по Рихтер, се случил рано изутринава во 6:24 часот по локално време (5:24 часот по средноевропско време) со епицентар на 25 километри северозападно од Кукуш.

Во текот на ноќта во реонот на Кукуш биле регистрирани уште над 10 дриги потреси со послаб интензитет.

Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.

Сеизмолошкиот институт при Бугарската академија на науките соопшти дека земјотресот од 4,7 степени, со нешто послаб интензитет, бил почувствуван и во реонот на Петрич во југозападна Бугарија.