недела, 23. септември 2018. Вести денес: 67
home Регион

Драма на „Рузвелтова“ во Белград: Добил отказ на работа па почнал да пука, еден работник скокнал низ прозорец

Драма на „Рузвелтова“ во Белград: Добил отказ на работа па почнал да пука, еден работник скокнал низ прозорец

На улицата „Рузвлетова“ во Белград број 55 се слушнало пукање во кое едно лице настрадало, а две се тешко повредени.

Како што пишуваат српските медиуми, Небојша С. (30) добил отказ од работното место пред неколку дена.

Револтиран, дошол во просториите каде што некогаш работел и почнал на пука. Како што велат од МВР, тој испукал неколку куршуми во двајца работници, а третиот скокнал низ прозорец.

Напаѓачот успеал да побегне и се упатил кон својот стан каде што се обидел да се самоубие. Пронајден е во станот со тешки повреди.