Регион

Делави му порача на Тачи: Безбедноста на Косово зависи од неговите партнери

Американскиот амбасадор во Приштина Грег Делави, реагираше во врска со изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи, порачувајќи му дека безбедноста на Косово зависи од неговите партнери.

– САД смета дека безбедноста на Косово зависи од квалитетот на неговите партнерства. Ние не сакаме да го видиме Косово надвор од координацијата со неговите клучни партнери, напиша Делави на Твитер реагирајќи на изјавата на Тачи.

Претходно денеска, косовскиот претседател најави дека ќе поднесе оставка доколку косовскиот Парламент не ја поддржи неговата иницијатива за безбедносните сили на Косово да бидат трансформирани во Војска на Косово.

Имено, пред неколку денови американската Амбасада во Приштина соопшти дека САД се загрижени за најавата за трансформација на безбедносните сили на Косово во Војска на Косово, без ниту еден уставен амандман.

-Усвојувањето на овој закон ќе не принуди да ја преиспитаме нашата билатерална соработка со безбедносните сили на Косово, како и нашата долгорочна помош за овие сили, стои во сопштението на амбасадата на САД во Приштина.