четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 42
home Регион

Делави: Косово нема моќ да го запре Специјалниот суд

Делави: Косово нема моќ да го запре Специјалниот суд

Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави ја поддржа јавната изјава на спикерот на парламентот, Кадри Весели за Специјалниот суд.

Весели изјави дека Специјалниот суд е штетен за Косово, но оти тој ќе биде формиран бидејќи косовската држава нема моќ да го спречи тоа.

Американскиот амбасадор Делави го поддржа овој став на Весели и на други косовски функционери кои искажуваат поддршка за Специјалниот суд.

– Ја поздравувам јавната изјава на претседателот на Собранието Весели и другите политички лидери кои го поддржуваат, напиша амбасадорот Делави на Фејсбук.