Регион

Четиринаесет години од убиството на Зоран Џинџиќ – се уште не е откриена политичката позадина за атентатот

Денеска се навршуваат 14 години од убиството на поранешниот премиер на Србија, Зоран Џинџиќ, а по тој повод членови на владата на Србија ќе положат венец на спомен плочата во дворот владата, соопштуваат од таму. 

Како што се наведува во соопштението, на истото место, денеска почит на убиениот премиер Џинџиќ ќе му оддадат и поранешните членови нa владата, тогашниот потпретседател Чедомир Јовановиќ, а потоа и членовите на владата на Зоран Живковиќ. Партијата на Јовановиќ најави „Прошетка за Зоран“, од седиштето на партијата ЛДП, до владата и до Алејата на великаните на гробиштата во Белград.

Зоран Џинџиќ е убиен на 12 март 2003 година. Како извршители веднаш беа осомниени припадниците на Земунскиот криминален клан, а воведена е вонредна состојба, која траеше до 22 април.

zoran djindic vlada

Во полициската акција „Сабија“, уасени беа 11.665 лица, меѓу кои имаше и партиски функционери, високи воени офицери, носители на правосудни функции и естрадни ѕвезди, а некои од нив одредено време поминаа и во притвор.

Осомничен како главен организатор на убиството на премиерот беа некогашниот командант на распуштената Единица за специјални операции Милорад Улемек Легија и припадниците на земунскиот клан кои беа убиени во полициска акција, Душан Спасојевиќ Шиптар и Миле Луковиќ Кум.

zoran djindic grobista

Во акцијата „Сабија“ уапсен непосредниот извршител на убиството, Ѕвездан Јовановиќ. Во август 2003 година покренато е обвинение против 44 лица за учество во организирањето на убиството, судењето траеше од декември 2003 година, а во мај 2007 година се прогласени за виновни и осудени на повеќегодишни затворски казни.

Легија се криеше 14 месеци, се предаде во мај 2004 година и осуден е на 40 години затвор, колку што доби и Јовановиќ. политичката позадина на убиството на Зоран Џинџиќ сеуште не е откриена.

Џинџиќ е роден на 1 август 1952 година во Босански Шамац. Беше доктор на науки за филозофија и еден од основачите и долгогодишен претседател на Декократската партија. Фунцијата градоначалник на Белгра ја извршуваше во 1997 година, а премиер на Србија беше од 2001 година до убиството во 2003 година.