недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 92
home Регион

Бугарија за првпат претседава со ЕУ

Бугарија за првпат претседава со ЕУ

Бугарија презема за првпат шестмесечно претседавање со Европската унија.

Се очекува фокусот на бугарското претседателство да биде врз политиката за миграциска реформа и други проблеми.Во декември лани лидерите на ЕУ се обврзаа да постигнат компромисен договор за реформа на европскиот систем за давање азил.

Бугарија ќе има за цел да ги подобри преспективите за членство во ЕУ на држави од Западен Балкан.

Се очекува на 17 мај во Софија да се одржи средба на високо ниво меѓу лидери на ЕУ и нивни колеги од регионот.

„Кога зборуваме за обединета Европа не треба да заборавиме дека Западен Балкан има потреба од јасна европска перспектива и врски меѓу себе и со државите членки“, наведува Бугарија на сајтот на европското претседателство.

Претходен ротациски претседавач со ЕУ беше Естонија