Регион

Американската амбасада во Приштина загрижена за намерата за создавње косовска армија

Американската амбасада во Приштина денеска изрази загриженост од намерата на косовските власти да ги трансформираат Силите за безбедност на Косово (ФСК) во армија на Косово без измени на Уставот, информира косовската национална телевизија РТК.

kosovska armija

„Ние ја поддржуваме постепената  и транспарентна трансформација на Силите за безбедност на Косово во мултиетничка сила според стандардите на НАТО“, се наведува во денеска лиферуваното соопштение на амбасадата.

Американските дипломати, меѓутоа, предупредуваат дека оваа трансформација треба да биде изведена во согласност со косовскиот Устав и преку сеопфатен политички процес, со почитување на принципите на мултиетничката демократија во земјата.

Амабасадата изрази подготвеност да се вклучи во процесот на консултации меѓу заинтересираните страни за постигнување на заедничката цел – трансформирање на Силите за безбедност на Косово во армија на Косово на начин што ќе ја засили безбедноста на Косово, ќе придонесе кон стабилноста во регионот и ќе помогне во евроатлантската интеграција на Косово.

Со соопштението амбасадата предупредува дека евентуалното гласање на законот за трансформирање на Силите за безбедност на Косово во армија на Косово без неопходните измени во Уставот САД ќе ги натера да ги преоценат билатералните односи и соработката со Косово и својата долгогодишна поддршка за Безбедносните сили на Косово.