Регион

Амбасада на САД во Косово: Бирачите бараат кандидати без дамки

Изборна комисија прифати дисквалификација на 85 кандидати за локалните избори, како што предложи Канцеларијата за регистрација на партиите.

Амбасадата на САД во Приштина изрази жалење поради одлуката на косовската Централна изборна комисија да го спроведе налогот на Врховниот суд за повторно потврдување на кандидатите, кои претходно беа дисквалификувани од изборната трка затоа што биле осудени за кривично дело.

„Ние ја разбираме одлуката на ЦИК, но ги повикуваме сите релевантни државни институции да исправат каква и да е правна недвосмисленост во оваа одредба, пред следниот изборен круг во Косово. Веруваме дека избирачите бараат кандидати без дамки од криминал“, се наведува во соопштението на Амбасадата.

Претходно, косовската Изборна комисија прифати дисквалификација на 85 кандидати за локалните избори, како што предложи Канцеларијата за регистрација на политички партии. Локалните избори за закажани за 22 октомври.