Регион

Албанската полиција во Валона заплени над тон марихуана

Полицијата во албанскиот приморски град Валона спречила шверц на 1.030 клограми мархуана,чија крајна дестнација бил италијанскиот нарко пазар.

Акцијата, насловена „Стара плажа“ била реализирана на старата плажа, на триесеттина километри од пристаништето во Валона, каде во приватен ненаселен објект била запленета дрогата, три автоматски пушки Калашњиков, три пиштоли и воена муниција.

Во близина на објектот на морскиот брег се наоѓал моторен чамец,во кој требало да биде натоварена дрогата. Во него биле три лица, кои кога ја забележале полицијата се изгубиле во морската шир.

Ова е уште една акција на полицијата во спречување на шверц на голема количина на мархуана. Деновиве заплени 725 клограми марихуана, откриена во четрикатница, сопственост на познат бизнисмен.

Претходно спречи обид за шверц на 700 килограми дрога во селото Акерни,на морскиот брег  во близина на Валона, пакувана во 28 пакети и подготвена за танспорт.