Регион

Албанската опозиција продолжува со протести се додека Рама не си поднесе оставка

Опозицијата останува да протестира во Тирана се додека не си замине премиерот Еди Рама и неговата корумпирана влада, изјави лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша.

basha

Албанската опозиција која веќе три недели протестира во главниот град на Албанија бара гаранција од Рама за слободни и фер избори преку техничка влада со широка политичка поддршка.

Доколку не се спроведат овие реформи, албанската опозиција најави дека ќе ги бојкотира парламентарните избори кои се веќе закажани за 18 јуни.

Во текот на минатата недела, четворица министри од Владата на Рама си поднесоа оставка.