Бизнис

Завршува „нафтената ера“ на Арапите

Саудиска Арабија се подготвува да стави крај на „нафтената ера“, со создавање на најголемиот инвестициски фонд на светот, во којшто највреден ќе биде имотот на оваа земја, пишува Блумберг.

Според заменик престолонаследникот Мухамед бин Салман, јавниот инвестициски фонд (Public Investment Fund) ќе контролира 2.000 милијарди долари и ќе помогне таа земја да се одвикне од зависноста од нафта.

Салман истакнува дека во рамките на таа стратегија ќе бидат продадени акции во државната нафтена компанија Арамко, којшто ќе биде трансформиран во индустриски конгломерат. Првата продажба на акции може да биде следната година, кога се планира продажба на пет отсто од акциите.

Блумберг наведува дека со продажбата на Арамко, саудискиот државен фонд ќе може да ги купи „Епл“, „Гугл“, „Мајкрософт“ и „Беркшир Хатавеј“, четирите највредни компании на берзата.

„Без сомневање тоа ќе биде најголемиот фонд на светот. Тое ќе се случи штом Арамико излезе на берза“, додава Салман.