Бизнис

Пуч на турската валута – Драстичен пад на лирата

Турската валута лира потона синоќа поради обидот за пуч во земјата, пренесуваат светските медиуми.

 

Лирата падна за околу 5 отсто во однос на доларот,што е драматичен пад на валутата.

Вестите за случувањата во Турција почнаа да пристигнуваат откако завршиле тргувањата на финаниските пазари. Првите резултати покажале дека турските акции „потонале“ во просек за околу 2,5 отсто, а подоцна забележан е пад и од 6 проценти во моментот кога се уште не беше јасно кој ја има контролата над државата.