Ракомет

ЖРК Вардар и ЖРК Металург финалистки на Купот на Македонија

Женските ракометни екипи на Вардар и на Металург ќе играат во утрешното финале од Купот на Македонија откако денеска остварија убедливи победи во полуфиналните натпревари.

 

Металург ја совлада екипата на Прилеп со 43:15, а најефикасна беше Пена Граматова (Металург) со 8 голови.

Во второто полуфинале Вардар со 40 разлика ја совлада екипата на Гевгелија со 56.16, а најефикасни беа Сара Ристовска и Камила Херем со по 17 голови.

Финалниот натпревар меѓу Металург и Вардар ќе се одигра во салата „Автокоманда“ во Скопје со почеток во 12:30 часот.