Ракомет

Женската ракометна репрезентација на Македонија поразена од Турција

Женската ракометна репрезентација на Македонија го загуби првиот натпревар на турнирот во Турција.

 

Македонија денеска загуби со 30:26 од првата турска селекција, додека утре нашите ракометарки ќе играат против вториот состав на Турција.

Последниот ден на турнирот (недела) Македонија ќе игра против селекцијата на Италија. Првото полувреме Турција го доби со 15:12, а вториот дел заврши исто така во корист на домаќинот со 15:14.

Женската репрезентација на Македонија на овие дуели настапува некомплетна без ракометарките кои играат во странство. Овие натпревари се дел од подготовките за двата квалификациски дуела за Европското првенство 2018 година со Шведска на 28.септември и со Србија на 1.октомври.

Во комплетен состав Македонија ќе продолжи со подготовките во понеделник, кога селекторот Симе Симевски ќе ги има на располагање сите повикани ракометарки.