четврток, 18. јануари 2018. Вести денес: 4
home Ракомет

Во стилот на своите соиграчи Јанц и Доленец: Скок со потценувачка изјава за Македонија и покрај поразот на неговата репрезентација

Тој на крајот собра 14 одбрани на натпреварот во Загреб, а во првиот дел бранеше се што нашите играчи шутнаа, а највеќе се истакна со скратувањето на неколку зицери од нашите ракометари.
Во стилот на своите соиграчи Јанц и Доленец: Скок со потценувачка изјава за Македонија и покрај поразот на неговата репрезентација

Голманот Матевж Скок вчера беше можеби и најдобрата алка во репрезентацијата на Словенија, во текот на првото полувреме тој ги доведуваше до очај како македонските ракометари, така и сите оние кои со срце навива за Македонија.

Тој на крајот собра 14 одбрани на натпреварот во Загреб, а во првиот дел бранеше се што нашите играчи шутнаа, а највеќе се истакна со скратувањето на неколку зицери од нашите ракометари.

Тој во стил на неговите соиграчи Јанц и Доленец, даде потценувачка изјава за македонската репрезентација.

-Тешко е да се каже нешто, јас сум лут, тажен, понижен. Ми се чинеше како да не сакаме, не бевме, не најдовме решение да ги надминеме проблемите. Македонците не се толку добри колку што ние бевме лоши, Ја испупштивме од раце нашата шанса и сега ќе мораме да ја спасуваме кожата во другите натпревари – вели Скок по тесниот пораз од Македонија (24:25).

Јанц ја потценува Македонија и по поразот на Словенија

Еден од најголемите ракометни таленти во Европа, 21-годишниот Словенец Блаж Јанц по поразот од Македонија излезе со зијава слична на неговиот селектор, Веселин Вујовиќ.

– На крајот немавме среќа, се уште мислам дека сме подобра репрезентација од Македонија. Мораше да ги искористиме подобро одбраните кои ги имаше Скок во првото полувреме, а на крајот испуштивме можност да израмниме. Ова е големо разочарување Не сакам да зборувам за судиите, но на оние што следат ракомет се им е јасно без да се објаснува, се пожали Јанц.

И Доленец мислеше дека Словенија е посилна

Ракометарот на Барселона и се закани на Македонија дека ќе ја „смачка” и на ова Европско првенство, зошто Словенците секогаш не победувале.

-Можеби не е вистинско време за пресметка, но изјавата на Јуре Доленец по повредата постојано ни одекнува во главата. Ракометарот на Барселона и се закани на Македонија дека ќе ја „смачка” и на ова Европско првенство, оти Словенците секогаш не победувале. Е оваа теорија на Доленец вечерва падна во вода. Македонија ја совлада Словенија со 25-24 во првиот меч на Европското првенство и дојде до два важни бода кои ни ги отворија портите за пласман во следната фаза, коментираа вчера македонските спортски портали.