Ракомет

Веспрем ги претстави новите засилувања, меѓу нив Дејан Манасков

Унгарскиот ракометен шампион и првак на СЕХА лигата Веспрем денеска ги претстави новите играчи кои од следната сезона ќе го носат дресот на овој клуб. Меѓу засилувањата е и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков. Тој од бундеслигашот Рајн Некар Ловен ќе мине во редовите на Веспрем. Манасков потпиша едногодишен договор со важност до 30 јуни 2018 година.

vesprem manaskov
Крилото на македонската репрезентација од Вардар пред една сезона замина во Рајн Некар Левен, но во германскиот шампион сезонава немаше голема минутажа покрај Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон.
Веспрем денеска ги претстави засилувањата за наредните две сезони: тренерот Љубомир Врањеш, потоа Дејан Манасков, Мануел Штрлек, Кент Робин Тонесен, Вилијам Акамбре, Кентин Мае и Матијас Ѓер.
Тренер од летово на Веспрем ќе биде Љубомир Врањеш.