понеделник, 25. јуни 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар против Нексе по рекорд во СЕХА

Вардар против Нексе по рекорд во СЕХА

Македонскиот ракометен шампион Вардар посакува со триумф над Нексе да го заврши основниот дел од регионалната СЕХА Газпром лига и да стигне до рекордни 17 победи.

Тренерот Раул Гонзалес изјави дека дуелот со хрватскиот тим ќе биде добра шанса да се поправат некои грешки во играта во одбраната.

– Имаме мотивација да ја завршиме сезоната со победа. Фаворити сме, но мора тоа да го потврдиме на терен. Нексе е квалитетна екипа која во минатото знаела да ги изненади фаворити. Ние во пресрет на овој меч мора да ја поправиме одбраната, која во последниот период не е на очекуваното ниво, рече Раул на денешната прес-конференција.

„Црвено-црните“ со евентуална победа над Нексе ќе бидат тимот што успеал да ја заврши сезоната со најмногу бодови досега во историјата на СЕХА. македонскиот првак на 17-те натпревари оваа сезона има 16 победи и едно реми.

Натпреварот е закажан за утре од 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Без оглед на резултат Вардар е прв на табелата со обезбедено место на „Фајнал фор“ турнирот што ќе се игра во Скопје од 13 до 15 април.