среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 2
home Ракомет

Талески со одлична партија во триумфот на Рајн Некар Левен

Талески со одлична партија во триумфот на Рајн Некар Левен

Македонскиот репрезентативец Филип Талески одигра одлична партија за Рајн Некар Левен на натпреварот против Лемго во рамките на 20. коло од Бундеслигата.

Талески имаше стопроцентна реализација при што постигна четири гола од четири обиди, како и три асистенции, а Рајн Некар триумфираше со убедливи 38:17.

„Лавовите“ натпреварот го решија уште во првите 15 минути, откако направија фантастична серија од 14:0,  а на паузата се заминаа со плус 19 (23:4).

До крајот само рутински го потврдија триумфот со кој се зацврстуваат на лидерската позиција на табелата во Бундеслигата.